Македонскиот премиер вчера во Давос се сретнал со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондацијата отворено општество,. На средбата бил присутен и Александар Сорос, заменик- претседавач со глобалниот одбор на Отворено општество
На средбата било истакнато дека Република Македонија ги споделува и промовира вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, како вредности за кои се застапува и Фондот отворено општество, соопшти владината прес-служба. .
Концептот отворено општество еднакво за сите и понатаму останува столб врз кој се гради новиот лик на Република Македонија, заедно со демократските реформи за членство во ЕУ и НАТО и со економските мерки кои ги презема Владата, било нагласено на средбата со Џорџ Сорос, пренесува „Либертас“.
Владата на Република Македонија и Џорџ Сорос остануваат и понатаму отворени за соработка на планот на развојот на демократските капацитети на општеството, како и на можностите за нови бизниси и директни инвестиции, стои во соопштението.





