Македонскиот премиер во вторник, 12 декември, ќе престојува во еднодневна посета на Косово.
Ова е прва официјална посета на македонски премиер во Косово, дознава ТВ-N1.
Заев, за време на посетата на Приштина, ќе се состане со косовскиот претседател Хашим Тачи, сo премиерот Рамуш Харадинај и со претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели.
Превиден била и средба на македонскиот премиер ео претставници на македонско-косовската бизнис заедница.
Министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за култура, Роберт Алаѓозовски и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, ќе бидат во делегација која ќе го придружува премиерот Заев.
Македонија го призна Косово во октомври 2008 година, кога премиер беше лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски,
Косово прогласи независност на 17 февруари 2008 година и Македонија беше една од првите меѓу сегашните 86 држави кои ја признаа државноста на поранешната српска и југословенска покраина.





