„Загрозен е Рамковниот“, како што тврди Ахмети, или неговите политички привилегии и бизнисите, па сега бара спас од ЕУ, САД и НАТО?!

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети од Кичево го праша премиерот на Македонија Христијан Мицкоски зошто не ја прашува меѓународната заедница зошто се загрижени за ситуацијата во * Македонија, бидејќи како што рече лидерот на интегристите, „Европската унија, Соединетите Американски Држави и НАТО“ биле ‘гаранти и потписници на документот кој се загрозува – Охридскиот договор“. – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: Ахмети упати прашања до Мицкоски во врска со неговата последна изјава околу „албанскиот јазик“. „Јавно го прашувам Христијан Мицкоски: Зошто меѓународната заедница е загрижена? Тој треба да ја праша меѓународната заедница. Меѓународната заедница се Европската Унија, Соединетите Американски Држави и НАТО. Тие се гаранти на Охридскиот договор и меѓународната заедница е загрижена, бидејќи се загрозува историски документ, на кој тие се потпишале како негови гаранти во името на Америка.“ – изјави Ахмети од Кичево.

Тој му порача вечерва од Кичево на премиерот Христијан Мицкоски да одат на вонредни парламентарни избори заедно со локалните избори во 2025 година. „Христијан Мицкоски на пратенички прашања отворено кажа ‘повелете, да одиме на избори“. Јас го држам за збор: во октомври 2025 година со локалните избори да одиме и на вонредни парламентарни избори.“ – кажа Али Ахмети во Кичево.