Загрижени за безбедноста на своите деца разочарани од Данела бараат спас од Христијан

Загрижени родители од скопско разочарани од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска бараат спас од премиерот Христијан Мицкоски.



Загрижените за безбедноста родители од населби во општината Ѓорче Петров апелираат град Скопје или владата да преземат нешто нивните деца да си дојдат безбедно дома.

Тие бараат навидум мала работа која што треба да е нормална за 21 век во една метропола, воведување на ноќен автобус за нивните населби во кој нема да се возат по 200 деца.

Следува целиот апел од родителите:

Почитувани родители, ве молам за што е можно помасовно споделување на ова отворено писмо, со цел да се запознае целата заедница со реалната ситуација во која се наоѓаме ние како родители,а и нашите деца -кои за ништо не се виновни а ја ЖИВЕАТ таа репресија – ЗА ДА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ – ЗАШТЕДИ НЕКОЛКУ ЛИТРИ ГОРИВО

Отворено писмо до Градоначалникот на град Скопје Данела Арсовска
МОЛБА ДО ПРЕМИЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – да го прочита писмото

Ова писмо е повеќе молба од група загрижени родители од населбите Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

Ве молиме за деновите на викенд Петок – Сабота да пуштите НАЈМАЛКУ 3-4 автобуси кои би сообраќале на автобуската линија со број 22, во 24 часот и нешто после тој термин-во овој момент има САМО ЕДЕН автобус кој тргнува во 00.20 часот после полноќ, од центар кон Волково.

Од овој регион има голем дел на млади полнолетни личности, тинејџери кои сакаат да “излегуваат во град“ за време на викенд , и нашите деца МОЖЕБИ не можат да си дозволат да имаат свој автомобил (како вашите) – па сите да одат со кола во град, и единствен превоз до нивните домови е точно таа “полноќна 22ка“.

Сега да ви ја објаснам реалната ситуација – што се случува во таа “полноќна 22ка“ – прво се враќаат возрасни луѓе кои работните обврски им завршуваат во тој период (не навлегуваме дали се вработени во угостителство или во некоја друга област) и сите тинејџери кои биле излезени и плус млади полнолетни кои немаат свој автомобил.

Автобусот е преполн уште во првите 3-4 постојки и после тоа само се преполнува понекогаш и до повеќе од 150 патници (патем сите имаат месечни билети). И што се случува, огромна гужва, патниците седат еден врз друг-полошо од сардини во конзерва, вратите со тешкотија се затвараат, често се случува рака од некое дете да е навор од автобусот приклештена од двете врати и така натаму и така натаму да не ги редам сите глупости што се случуваат. Возачот на многу станици и не застанува-што прави притисок врз децата да мора да пешачат и по 10тина километри за да си дојдат дома, загрижени роодители, кои се плашат дали ке ги пресретне некој наркоман или глутница кучиња.

Околу исправноста на автобусите НЕ САКАМ ДА КОМЕНТИРАМ (вие си знаете а знаеме и ние-колку возачи направија сообраќајки поради нивна неисправност). Меѓутоа се поставува прашањето –ДАЛИ И ДА Е ИСПРАВЕН АВТОБУСОТ со 150-200 патници во него е безбеден???

Дали со тој број на патници –по закон на инерција може лесно да се преврти целиот автобус со сите патници???

Дали треба да се случи “КОЧАНИ“ ПА КОНЕЧНО ДА ДОЗВОЛИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 3-4 АВТОБУСИ???

ДАЛИ ЗАШТЕДЕНИТЕ НЕКОЛКУ ЛИТРИ НАФТА НА ЈСП СЕ “ПОСКАПИ“ ОД ЖИВОТИТЕ НА НАШИТЕ ДЕЦА???

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ НЕСТРЕЌА (во која ке го обвините возачот-се разбира)ДА ПОГИНАТ НАШИТЕ ДЕЦА –ПА ДА ПУШТИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЛИНИИ???
МОЖЕТЕ ЛИ ДА ЈА ЗАМИСЛИТЕ СЛИКАТА НА ПРЕВРТЕН (или запален) АВТОБУС СО 150 МЛАДИ ДЕЦА ВО НЕГО??????????????????????????????????????????????????????
И после тоа ке барате “ИСТРАГА И ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ ДА ЈА ЗВРШАТ РАБОТАТА“

АЛОООООО знаете ли дека во овој дел на градот живееат повеќе од 20000 луѓе? И вие сакате да им го решите градскиот превоз со еден, ќе повторам ЕДЕН АВТОБУС????

Ве молам тоа далеку од здравиот памет-или што треба ние како родители да направиме??? Да им забраниме на една цела генерација да “искача у град“ ??? тоа ли е според вас решението???

Таканареченото “искачање во град “ е социјализација на тие млади деца и ВИЕ –за да заштедите неколку литри нафта си дозволувате од позиција на МОЌ да им пресудите???

Да заклучам на крај
Ве молам уште од денес под ИТНО,ИТНО,ИТНО да пуштите најмалку 3-4 автобуски линии на линијата со број 22, во терминот околу полноќ. Во спротивно оваа група на граѓани ќе повика на масовност и со една поголема организираност во која ке ги вклучиме и младите и сите жители на овој дел од градот и ке почнеме со законски пријавени блокади на одредени собраќајници и институции-вклучувајќи ја и блокада на седиштето на Град Скопје.
Со почит
Група загрижени родители