Во синоќешниот напад напад со беспилотно летало на Хезболах врз воена база во централен Израел загинаа четворица војници, а најмалку 67 се ранети, соопшти израелската армија.



Тоа е најсмртоносниот напад на милитантната група откако Израел ја започна својата копнена инвазија на Либан пред речиси две недели.

Во нападот загинаа наредникот Омри Тамари, наредникот Јосеф Хиеб, наредникот Јоав Агмон и наредникот Алон Амитај, сите на возраст од 19 години.

Хезболах соопшти дека нападот во близина на градот Бињамина бил како одмазда за израелските напади врз Бејрут минатиот четврток, во кои загинаа 22 лица.