Загина 16-годишен возач на мотор во скопски Чаир

Минатата ноќ, во 02.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.



Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

14-годишниот возач на тротинет се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото  на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.