За шест месеци, 2,8 милиони евра грчки инвестиции во Македонија

Директните грчки инвестиции во Република Македонија достигнаа 2,86 милиони во првата половина од оваа година.



Со тоа, Грција е на седмото место меѓу странските инвеститори во земјата, пренесуваат балкански медиуми.

Ова го покажуваат податоците на Канцеларијата за врски и Бирото за трговско-економски прашања на Грција во Република Македонија, цитирани од грчкиот весник „Нафтемборики”.

Се проценува дека грчките инвестиции во Македонија во првата половина на 2017 година имаа раст во споредба со минатата година, бидејќи во текот на целата 2016 година вкупниот износ изнесувал 0,96 милиони евра.

Македонија и Грција имаат огромен потенцијал за развој на бизнисот, но спорот со името, како и немањето директна авионска врска ја кочи соработката, изјавија бизмисмените од Грција кои учествуваа на македонско-грчкиот бизнис форум во Скопје, организиран од Сојузот на стопански комори неделава.

Грчкиот в есник на прво место меѓу странските инвеститори во Македонија за годинава ја рангира Австрија со 27,3 милиони евра.