За убиецот на снаата и братот во Стајковци 20 години затвор

За двојното убиство на братот и снаата во селото Стајковци, Скопје, 67-годишниот Љ.К. доби 20 години затворска казна, соопшти соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.



Поради нарушени семејни односи на 14 мај 2024 година, обвинетиот Љ.К. најпрвин, по вербална расправија, со метална шипка ја нападнал снаата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди од кои веднаш починала.

Потоа, барајќи од братот клуч од гаражата, а по неговото одбивање, го удрил повеќепати со истата шипка, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Судот ја изрече казната од 20 години затвор поради тежината на злосторството и неговата бруталност.

На денот на злосторството, Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека покрај жртвите, обвинетиот бил пронајден со убодни рани.

Обвинителството сè уште не изнесе детали за можната причина за самоповредување.