За три години градоначалникот на Гази Баба не потрошил ни денар за репрезентација

Транспарентно и домаќинско работење вети и тоа на дело го покажа градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.



Во објава на социјалните мрежи, тој објави дека во изминатите 3 години од мандатот не се потрошени ниту еден денар средства од буџетот на општина Гази Баба за репрезентација, за службено возило за градоначалникот и за дневници за патувања во странство.

„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии. На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа. Довербата од граѓаните за мене значи чест, а пред и над се одговорност“, објави на ФБ градоначалникот Стефковски.