За прв пат по 80 години, се случува литургија во Долнодримколскиот Манастир, меѓу народот познат и како Манастирец, објавува охридскиот видеографер и аматер промотор на македонската традиција Стојан Стојановски.
Долнодримколскиот Манастир, меѓу народот познат и како Манастирец – според некогашното село што се наоѓало во близина, е посветен на Светиот Архангел Гаврил.
Сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол, оваа голема Светиња со векови била место на молитва и на духовно вдахновение и воздигнување, тврдина на верата и на културата во западниот крај на Македонија.
Манастирот датира уште од ромејскиот период (пред 14. век), но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20. век. Последната Света Литургија во него била отслужена во пролетта 1944 година од блаженоупокоениот јереј Милан Јовановски од с. Модрич, пишува Стојановски објавувајќи видео од литургијата.
Попот Милан е легендарна фигура на овој крај кој важел за голем народен трибун и во српско и италијанско и за време на комунизмот.
Стојановски е еден од најдобрите македонски видео и фото уметници кои без никаква надокнада од државата создава уметност на која е прикажана македонската верска и културна традиција и која е почитувана во цел свет.
https://x.com/Stojan2s/status/1816886215750103462?t=Nf5HZBLTq5UFTox874G1NQ&s=19





