„За 88% од домаќинствата, кои се дел од првиот и вториот блок, цената на струјата ќе биде корегирана за плус 0,4 проценти“, соопшти денеска Регулаторната комисија (РКЕ)
За оние потрошувачи кои се во третиот блок, кои сочинуваат околу осум отсто од домаќинствата, цената се зголемува за 0,48 отсто, а за третиот и четвртиот блок цената се зголемува за 0,57 отсто.
Новата цена на струјата стапува на сила од 1 јули 2024 година.
За Да донесеме ваква одлука, ни овозможи тоа што со ЕВН Хоум му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од 60 евра за мегават час.
Дополнително, и измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти, појасни претседателт на РКЕ Марко Бислимоски.






