Македонија заостанува во воведувањето на ЕСГ-стандардите, но процесот ќе мора да се забрза бидејќи тоа го налагаат и светските стандарди, кои неизбежно ќе мора да се следат, вели Климе Попоски, генерален директор на „Винер – Виена иншуренс груп Скопје“.
„Во следниот период, како осигурителни компании, ќе се соочиме со барањата на реосигурителните компании што нудат реосигурителни услуги за покривање поголеми ризици на кои се изложуваат домашните осигурителни компании. Односно ќе се најдеме во ситуација кога во делот на преземањето на големите корпоративни клиенти нема да може да добиеме адекватно реосигурително покритие ако во приемот на осигурувањето и во продажбата на нашите полиси не се почитуваат принципите на ЕСГ. Притоа, истите тие треба да се почитуваат не само од аспект на осигурителната компанија туку и од аспект на корпоративните клиенти. Прашање на време е дали ќе може најголемите загадувачи да најдат соодветно осигурување, како што е на пример РЕК Битола, која е наш најголем загадувач“, вели Попоски.
Линк до целиот текст на Блумберг Адриа ТВ:






