Истражувањето на јавното мислење со Србија спроведено од агенцијата Демостат покажува дека Македонците живеат во илузија ако мислат дека за северните соседи ние сме најдобри пријатели.
Само 3 % од српските граѓани сметаат дека Македонија е најдобар пријател на Србија, покажува анкетата на српската агенција која што е спротивна на сите предходни истражувања според кои Македонците се меѓу најпријателските народи за Србите.
НаД 40 проценти од Србите сметаат дека Русија е најголем пријател на земјата а веднаш зад неа е Кина со 6 %. Грција за најголем пријател на Србите ја сметаат 4 % а Црна Гора и Германија 2 % од испитаниците.
Кога се работи за можноста некоја од супер силите да отвори воена база во Србија, Русија кај српскиот народ има 10 пати поголеми симпатии од САД.
Околу 20 % од Србите мислат дека Русија е најдобар избор за странски партнер кој што треба да отвори воена база на српска територија додека ваков став за САД имаат само 2 %.
Нешто повеќе од 53 % од испитаниците сметаат дека никоја странска земја не треба да биде во можност да добие воена база во Србија.
Запрашани во која држава освен во Србија би сакале да живеат или би им препорачале да живеат на своите деца најголем дел од граѓаните бираат западни земји а не Русија.
Најпопуларна дестинација е Германија со 11 %, Швајцарија со 7 %, Австрија, Италија и Шведска со 5 % а околу 4 % би сакале да емигрираат во САД.
Околу 16 % од родителите на своите деца би им препорачале да се иселат во Германија, 11 во Швајцарија, 5 во Австрија и САД и 4 % во Норвешка и Шведска.





