За една година трошоците за живот се повисоки за 200 евра. Ова може да се забележи од износот на синдикалната минимална кошничка која ја објавува Сојузот на синдикати на Македонија. Од таму велат дека растот на минималецот ќе ги зголеми и останатите плати.
Во моментов околу 80.000 работници живеат со минимална плата. ССМ пресмета дека во април на едно четиричлено семејство му биле потребни нешто над 60.000 денари месечно за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од парите, односно 40 отсто семејствата ги трошат за храна и пијалоци. Со години структурата на семејниот буџет е иста, а најмалку пари се трошат за здравјето и култура.

Порастот на платите не го следи трендот на пораст на трошоците за живот, односо поскапување на храната. Па затоа од Синдикатот прашувааа – има ли институци да ги контролираат маржите во маркете.
- Работи ли нешто Државен пазарен инспекторат, Агенција за заштита на потрошувачите или влегуваат само во мали, локални дуќанчиња, а големите маркети билдаат профити? Само кај нас има вакви цени на храната, прашуваат синдикалците.

Инаку Синдикатот пресмета дека во април на едно семејство му биле потребни нешто над 1.000 евра месечно за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од парите, 40% му одат на храна и пијалоци. Па така, Македонија со најниски примања, јаде најскапа храна.





