„Ако долгот беше 53 евра на пример, ќе требаше да платам 3641 евра или да ми биде запленет имот во таа вредност ако го имам.
Е што е многу многу е“ – објави професорот Професорот Ѓорѓи Спасов на Фејсбук откако со препорачано писмо бил известен дека има неплатен долг во период од десет години. Како што напиша, должел 53 денари на „Водовод и канализација“, а сега требало да плати над три илјади денари..
„Каматата што ја должам била на платени сметки, само затоа што подоцна сум ги платил од рокот за плаќање и тоа за јуни 2015 година ми пресметале 19 денари камата за јули 14, за август 8 денари и за септември 13 денари.
Кога е познато дека месечната сметка за водовод е околу 600 денари, овој модел на наплата на камати за кои не си информиран 10 години и не се обиделе да си ги наплатат преку редовните сметки што 10 години од тогаш ги плаќаш е еднаков на Организиран и Легализиран грабеж, кој мора да биде оневозможен во услови кога задоцнетото плаќање сметки во многу семејства се случува заради неисплатени плати или задоцнети плати а во летните месеци и заради престој надвор од домовите во Скопје“, напиша тој.






