За градоначалникот на Тетово Билал Касами „Косово има среќа што ги има Ветвендосје и железниот лидер Албин Курти“!

„Билал Касами, градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на Вреди, вчера учествуваше на прославата на 26-годишнината од ослободувањето на Косово. Касами објави на фејсбук дека ‘Косово има среќа што ги има Ветвендосје и Албин Курти – железниот лидер, кој управува со државата со целосен  капацитет и кој го штити секој милиметар од татковината со целосно достоинство“ – извести весникот на албански јазик  „Лајм“, пренесувајќи ја објавата на Касами на фејсбук.



Во својата објава на општествената мрежа Касами дополни: „Ослободувањето на Косово беше последен удар врз непријателот. Донесе независност, но исто така отвори големи предизвици за градење на темелите на државата. Овие предизвици тешко можат да се изградат без политички организации и луѓе кои имаат идеали, јасна визија за татковината, духовна чистота и вистинска политичка зрелост, какви што се партијата Ветвендосје и железниот лидер Албин Курти!“