„Ветуваа правда и војна против криминалот, но веднаш штом ја формираа Владата почнаа со ослободување на сите криминалци од 27 април. Тоа не им беше доволно на челниците на коалицијата Вреди и наместо да го осудат тенденциозното ослободување на осудените криминалци од 27 април, сега прославуваат и се фотографираат со нив. Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска, на 23 октомври, е фотографиран додека прославуваше заедно со Никола Митревски – Кољо, еден од осудените за настаните од 27 април.“ – ова го наведе крилото на Алијансата за Албанците на Зијадин Села во своето соопштение, кое го пренесе локалниот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“.
Во своето соопштение АА на Села уште тврди: „Секој ден и во секоја пригода паѓаат маските на челниците на Вреди. Докажуваат дека во владата се само вазали на ВМРО ДПМНЕ и легитиматори на противалбанските политики на еднонационалната влада.“





