Три жени биле избодени до смрт од маж во петокот во бордел во главниот град на Австрија. Осомничениот е уапсен.



Друга жена и нејзината ќерка беа убиени во инцидент кој не е поврзан. Инспекторите веруваат дека таткото на девојчето бил одговорен.

Активистите го опишаа денот како „црн петок“ и повикаа на итна акција за запирање на насилството врз жените, јави Би-Би-Си.

Телата на три жени беа пронајдени во зграда во централниот кварт Бригитенау околу 21 часот по локално време ), откако сведок ја повикал итната помош.

Осомничениот, кого полицијата го опиша како 27-годишен авганистански државјанин, бил пронајден како се крие во близина на борделот со нож во раката.

Мотивот за убиствата засега е нејасен.

Претходно во петокот, 51-годишна жена и нејзината 13-годишна ќерка беа пронајдени мртви во стан во областа Ердберг – на околу 12 километри од местото каде што се случи другиот инцидент.
Нема сугестија дека се поврзани.

Полицијата се уште трага по сопругот на жената, кој е и татко на девојчето, бидејќи инспекторите се сомневаат дека можеби ги задавил до смрт.

Ева-Марија Холцлајтнер, лидерката на одделот за женска политика на опозициската Социјалдемократска партија (СПО), побара од федералната влада да свика кризен состанок на кој ќе се разговара за прашањето за фемицидот во земјата.

„Ние жалиме за убиените жени, размислуваме за преживеаните и повикуваме конечно да се спроведе национален акционен план за заштита од насилство за да се заштитат животите на жените во Австрија“, рече г-ѓа Холцлајтнер.