За 1 Мај по македонските патишта возеле 132 потенцијални убијци

Полицијата за 1 Мај казнила 132 лица поради возење под дејство на алкохол кои се потенцијални убијци доколку направеле сообраќајка со смртни последици.



Како што информираат од МВР, други 114 лица биле казнети затоа што немале возачка дозвола. И овие лица би влегле во категоријата потенцијални убијци ако не знаат да возат и направат тешки сообраќајки.

Од вкупно 613 платни налози, колку што издале полициските службеници во текот на вчерашниот празничен ден – 1 Мај, 132 биле за возачи кај кои е утврдено недозволено киличество на алкхоло во крвта.

Прекршоците, според МВР биле констатирани во рамките на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава.

„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 115 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 42 мерки за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 37 лица кои не користеле сигурносен појас. Изречени се 10 мерки за возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига како и седум санкции за возачи кои што зборувале на мобилен телефон при возење“, се вели во соопштението.
Дополнително, а согласно Законот за возила, 24 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради зголемување на безбедноста во сообраќајот.