„Преминувањето во опозиција повлијае врз ДУИ како шок-терапија и ја претвори во непријател на државата. Сега како опозиционери измислуваат идеи за промена на функционирањето на државата. Ова нема да се направи и е само доказ колку тешко го доживуваат преминувањето во опозиција. Во ДУИ некогаш крекаа дека немаат воопшто потреба за власт, а сега го превртуваат секој камен и ги прават сите можни напори да се вратат на власт.“ – истакнува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Претставува ли ДУИ закана за мирот?“.
Натаму, покрај другото, во анализата „Журнал“ пишува: „Демократската унија за интеграција се претвори во партија, која ја загрозува безбедноста на државата, според премиерот Христијан Мицкоски. Но, спорно е прашањето колкав капацитет има ДУИ да предизвика дестабилизација во државата. Ако се точни информациите, што ги има премиерот Мицкоски, дека ДУИ планира дестабилизација на државата наесен, тогаш тоа говори многу за оваа партија, бидејќи докажуваат оти го доживуваат тешко губењето на власта. Значи, кога ДУИ не на власт, туку во опозиција, државата треба да гори. Овој начин на размислување е автократски и ја претвора државата во целосна диктатура. Но, вистината е дека целата оваа врева останува во рамки на плановите на хартија.
„ДУИ е закана за мирот и стабилноста на државата“ – детали од изјавата на Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека ДУИ претставува закана за мирот и стабилноста на државата. Тој рече дека власта има информации од различни канали, кои докажуваат дека раководството на ДУИ се подготвува да ја дестабилизира државата во текот на есента. Тој потврди дека МВР го истражува случајот и оти ќе ја информира јавноста по завршување на истрагата.
„Располагаме со информации, добиени од повеќе канали, дека раководството на Демократската унија за интеграција ќе преземе чекори за дестабилизација на државата во обид да го заштити капиталот што го создаде за 20-22 години. Но, ние, како Влада, имаме целосно право да ги заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет и мирот на граѓаните. Тоа е практично целта на една држава. Да почекаме дали таа информација ќе се потврди, или нема да биде точна.“ – изјави Христијан Мицкоски.
Од ДУИ се уште сонуваат да бидат дел од власта, партијата ја претставуваат како државотворна
Од ДУИ не молчат на оваа изјава на Мицковски. Тие уште еднаш индиректно изразија желба да биде дел од власта, наведувајќи дека ДУИ е државотворна партија и гарант на мирот и стабилноста во земјата. „Добивме мандат и одговорност од албанските гласачи да ги заштитиме легитимитетот и политичката волја на албанскиот народ во * Македонија. Ќе ги преземеме сите демократски мерки и средства да ги запреме понижувањето и мајоризацијата врз Албанци со наметнување вазали.“ – соопшти, покрај другото, ДУИ.





