„Журнал“: ДУИ треба да ги отстрани корумпираните злонамерници како Мерко и да влезе во коренити реформи, за да стане коректор на власта

„ДУИ треба да влезе во длабоки и коренити реформи и да ги отстрани корумпираните злонамерници, како Рамиз Мерко и повеќемина други, кои со своето дејствување ја испратија во опозиција. Колку побргу ќе ги отстрани Али Ахмети овие луѓе од нивните редови, толку ќе биде поздраво за партијата. На неа ѝ се потребни уште повеќе промени и во идеолошката линија и во концепцијата, за да престане да го потценува граѓанинот и со цел да се претвори во здрава опозиција, која ќе ја следи и ќе ја корегира власта. Но, засега ДУИ бавно дејствува, со чекори на ‘желка’ кога се работи за отпочнување со внатрепартиските реформи.“ – вели информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својот уреднички коментар со наслов Али Ахмети ќе ѝ направи добро на ДУИ со реформа, отстранувајќи ги корумпираните ‘злонамерници“.



ДУИ во паника често се среќаваат, но не донесуваат смели одлуки

„Журнал“ пишува: Иронично е како постапуваат ДУИ и СДСМ, откако преминаа во опозиција. Без да губи време СДСМ го смени својот претседател, а ДУИ се обидува да направи реформи со состаноци и собири. Од ДУИ информираат дека на 13 јули ќе им заседава Генералниот совет, на кој се поканети локалните совети, ограноците и младинскиот форум. Добро е што партијата, која се пресели во опозицискиот табор, одржува состаноци, за да ги увиди грешките, кои ги направиле за време на владеењето и во текот на изборите. Но, ДУИ бавно дејствува, со чекори на „желка“ кога се работи за отпочнување со внатрепартиски реформи. Тоа е добро структурирана партија, но во неа има корумпирани злонамерници, кои со своето дејствување ја испратија во опозицијата. Затоа, колку побргу ќе ги отстрани Ахмети овие луѓе, толку ќе биде поздраво за партијата.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го свика Генералниот совет на партијата на 13 јули. Ахмети во Гостивар ќе ги собере локалните совети, ограноците и младинскиот форум, но и партиските органи на централно ниво. Интегристите не соопштуваат за кои теми ќе се разговара на средбата. Останува да се види в недела, на 13 јули дали ќе се расправа за идните чекори на ДУИ во опозиција, или ќе се бара одговорност за некои населени места, каде ДУИ немаше добар резултат на изборите на 8 мај. Ваквите средби се продуктивни само кога има конкретни резултати, што ги гледаат и граѓаните. Но, стана рутина оваа партија да се состанува и да не донесува никаква одлука. Можеби сите членови, но и раководството на ДУИ се свесни дека која било одлука, што ќе ја донесат во партијата, ќе биде отстранување на луѓето, кои се осомничени за вмешаност во корупција. Овие луѓе не прават ништо добро ниту на партијата, но нивното останување во ДУИ е доказ дека таа ги цени и не се откажува од нив.

Кои се овие партиски злонамерници, кои се вклучени во валканите дела како што е корупцијата? Тоа се јавни тајни, можеби сите им ги знаат имињата, и граѓаните и странските амбасади во земјава. Уште подобро ги знаат нивните сопартијци и ќе биде толку подобро колку побргу ќе дејствуваат против нив. За Рамиз Мерко алармираше американската амбасада, внесувајќи го на својата „Црна листа“, за да им ги отвори очите на раководството на ДУИ, но ним им е Мерко и натаму почесен гостин на собирите и состаноците за изборите од 24 април и 8 мај.

Друго име кое деновиве се споменува од ВМРО ДПМНЕ дека може да биде вклучено во корупција преку тендери е Ејуп Рустеми, поранешниот директор на Јавното претпријатија „Државни патишта“. Има повеќе такви имиња и ДУИ не треба ни да сонуваат за власт, ако не ги одалечат нив од своите редови. Колку побргу ќе влезе ДУИ во длабоки и коренити реформи, толку подобро ќе направи. На неа ѝ се потребни суштински реформи, за да ги согледа причинителите на незадоволителниот резултат, што го постигна на последните избори . ДУИ треба да ги открие грешките и таму да направи корекции.

Но, промените на кадрите и партиските личности е најмалата работа, што треба да ја направи оваа партија. Потребни се промени во идеолошката линија, но тоа не треба да бидат грешки во концепцијата, кои веќе ги направи партијата на Али Ахмети. Таа беше неконзистентна партија, со ставови кои ги потценуваат граѓанинот. Партиите што одат во опозиција имаат време и можности, но и многу повеќе потреба да направат драстични промени, коренити реформи, за да се освежат со нови лица и да станат конструктивна опозиција, која ќе претставува сенка, што ќе ја следи и ќе ја корегира власта.