Селаните на Бачки виногради, во северниот дел на Војводина на границата со Унгарија, протерале бегалци и мигранти „поради страв и уништување на околните фарми“, објавија медиуми во Војводина.
Локалните жители велат дека мигрантите со недели ги држеле во страв. Претседателот на Советот на локалната заедница Роберт Катонa вели дека бегалците и мигрантите редовно провалувале на фармите на граничната линија со Унгарија, поради што локалното население и сопствениците на оштетените фарми на крајот се здружиле и ги истерале бегалците и мигрантите, кои сега најмногу ги има во Хоргош, сместени во трошна зграда на поранешен земјопоседник, пренесува ТВ Панон.
Младиот Пакистанец, Аднан, кој престојува во хангар во приватна сопственост, вели дека таму престојуваат 40-50 лица, имаат вода за пиење и храна што ја добиваат од хуманитарни организации. Тој сака да оди во Италија, бидејќи таму има семејство.
ТВ Панон, јавува дека во еден друг објект во Хоргош, во кој има паркирано комбе со странски регистерски таблички, имало повеќе од 100 лица.
Има се повеќе предупредувања дека „балканската рута“ е одново активна и дека мигранти од Грција се движат кон земјите од ЕУ преку Албанија, Црна Гора, Бих…





