„Оваа власт со криминален менталитет и полицијата на Мицкоски го испланираа и го извршија вчерашното убиство во тетовското село Гајре, во обид да ги исплашат Албанците, за да не бидат масовни протестите, кои ги најави опозицијата! Кога на Албанците им кога го сквернават достоинството, тогаш тие им ги растураат плановите, како што покажа и војната на УЧК во 2001 година! Македонците немаат капацитет за ништо без Албанците. Крајот ќе биде победа за Албанците!“ – овие жестоки политички инсинуации и измислици со опасни завлегувања во меѓуетничките односи, кои имаат и многу јасен призвук на воинствени закани, ги изнесе Валон Бела на својот фејсбук-профил. Валон Бела беше советник на претходниот „технички премиер“ Талат Џафери и еден од основачите на Европската демократска партија, која е сега во „Европскиот фронт“ на Али Ахмети и ДУИ. Тврдењата на Бела, кој истапува веќе како политички активист на „Европскиот фронт“ на Ахмети, се во целосна спротивност со официјалните факти за она што се случи навистина во Гајре. Писанието на Валон Бела на фејсбук е можеби и во функција да започне да се „подготвува“ албанскиот дел од јавноста во Македонија во врска со плановите за есенската политичко-етничка и безбедносна дестабилизација на македонската држава, која ја најавија ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети. Дали ставот на политичкиот активист на „Европскиот фронт“ Валон Бела за „Албанците и историјата на уривањето на владите на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски“ доволно јасно укажува дека „случајот Гајре“ е смислено одбран, со намера да се стави во функција на намерата на ДУИ и Ахмети да се урне и оваа легитимна Влада на Македонија, а тие да се вратат на власт како „единствени легитимни победници во албанскиот блок“ и како „единствени носители на албанскиот политичко-изборен легитимитет“?!
Инаку, објавата на Валон Бела на општествената мрежа ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Индекс.мк“, кој пишува: „Коментаторот и познавач на политичките околности Валон Бела прекуфејсбук го коментираше вчерашното убиство од страна на полицијата во селото Гајре. Според Бела, убиството го испланирала полицијата на Мицкоски.“
„Еве ја целосната објава на Бела на фејсбук: ‘Убиството во село Гајре испадна дека е убиство со умисла на полицијата на Мицковски. Лага е дека осомничениот починал на пат, туку се докажа дека тој бил убиен пред членовите на неговото семејство. Со ова сегашнава власт се обидува да ги исплаши граѓаните, за да не бидат масовни протестите, кои ги најави опозицијата.“
„Овие акции им се познати на Албанците, но остануваат целосно поразени и за тоа зборува историјата на уривањето на владите на Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски. Затоа што кога на Албанците им кога го сквернават достоинството, тогаш тие им ги растураа плановите, составени во нивните тајни кујни. Последните војни стојат како аргумент, што го потврдува ова. Поранешниот генерален секретар на НАТО имаше кажано дека * Македонија е модел за балканска држава, Џорџ Робертсон, но три месеци потоа започна војната на УЧК. Така успеавме да го изненадиме НАТО со сите негови разузнавачки (шпионски) способности.“
„Оваа власт е веќе убиец со криминален менталитет! Сите знаеме дека Македонците немаат капацитет за ништо без Албанците. Крајот ќе биде победа за Албанците!“





