Жестока битка во СДСМ за добитни места во Собранието, Спасовски може да извиси за носител

Деновиве се води жестока битка во СДСМ за добитни места во Собранието во која екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски може да извиси за носител а неговата фракција да добие само едно сигурно пратеничко место.



Во битката за сигурни места во Собранието кои според проценките во СДСМ се движат од 23 до 33 во моментов се борат пет партиски фракции кои бараат по 5 сигурни места, тврдат извори на Бихаќка.

Изворите се незадоволни што луѓето кои не се дел од нечија фракција не можат да дојдат до можност да бидат на добитни места на пратеничките листи.

Во трката за безбедно пратеничко столче кое носи имунитет за дел од кривичните дела согласно Кривичниот законик се фракците на Ковачевски, Заев, Шеќеринска, Зечевиќ и Оливер Спасовски но и неколку видни партиски членови кои имаат свои лични партиски мрежи.

На последното партиско советување на раководството на СДСМ во Струга одржано пред десетина дена сите присутни зборувале дека партијата мора да се обедини и дека мора да се надминат сите недоразбирања со цел подобар резултат на изборите.

Но на преговарачката маса ситуацијата е драматична, досега над 60 влијателни партиски функционери искажале желба за објективно 23 до 27 пратенички места.

Главен проблем засега е традицијата членовите на владата и актуелните пратеници да бидат на добитни места кои сега се значително помалку на број од минатите избори.

Освен Оливер Спасовски кој со своето последно интервју си ја забетонира политичката кариера на анкетите има уште неколку луѓе кои според непопуларноста меѓу гласачите не треба да добијат добитно место на изборите но важат за моќни или блиски до лидерите на неформалните фракции.

Голем дел од кандидатите за пратеници одбиваат да бидат на недобитни места затоа што знаат дека СДСМ не може да остане на власт и никој од тие пред нив нема да остави празно место со одење во извршната власт.

Според последната анкета на ИПИС за МТВ СДСМ може да освои најмногу до 30 пратенички места.