Жена загина синоќа во пожар во својот стан во Кичево

 

Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна жена со иницијали З.С. од овој град.



Таа починала од здобиените повреди од пожарот на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Извршен е увид, а телото на почината е дадено на обдукција.