ЕХФ ја казни Ракометна федерација на Македонија

Европска ракометна федерација (ЕХФ) ѝ изрече казна на Ракометна федерација на Македонија (РФМ) со вкупна глоба од 2.000 евра за носење несоодветна опрема од ракометарите на првите два натпревара на Европското првенство во Хрватска.



Илјада евра е казната за носењето различни чорапи на стартот против Словенија, а другите илјада евра се за мини „хеланките“ под шортсевите на браќата Лазарови, Манасков, Стоилов, Талески и Кузмановски на синоќешната средба со Црна Гора.

Чорапите на ракометните репрезентативци ја олеснија касата на РФМ и на претходното ЕП 2016 во Полска.