Вардар е европски ракометен првак, но нема да биде носител на ждрепката за фазата по групи за новата сезона. Вардар оди директно во една од групите А и Б, но не е носител. Предност им е дадена на Барселона и веспрем. Затоа таков статус доби вториот македонски преставник, Металург кој ќе игра во послабиот дел од Лигата на шампионите, односно Групите Ц и Д. Разликата меѓу двата сегмента е што од првите состави по 6 тима одат во елиминациите, а од други по само две екипи.
Еве како ќе бидат составени групите А и Б:
1. Барселона, Веспрем
2. Вардар, Кјелце
3. ПСЖ, Рајн Некар Левен
4. ППД Загреб, Алборг
5. Висла Плок, Мешков Брест
6. Цеље, ПИК Сегед
7. Фленсбург, Кристијанштад
8. Кил, Нант
Ова се тимовите што ќе бидат дел од групите Ц и Д:
1. Адемар Леон, Металург
2. Скјерн, Мотор Запорожје
3. Горење Велење, Монпелје
4. Шафхаузен, Бешикташ
5. Чеховски Медведи, Динамо Букурешт
6. Елверум, квалификант





