И без два члена на првата постава, Прибак и Манасков, македонската машка ракометна репрезентација беше пресилна против домаќинот на пријателската на Бањица во Белград со 32-29. Тоа значи дека со победа ќе патуваме на Европското првенство во Хрватска кое стартува на 12 јануари.



Нашите репрезентативците имаа одличен ден и супер натпревар против голем и валиден противник, и селекторот Раул Гонзалес може да биде задоволен од целото издание. Особено се истакна нападот кој повторно даде преку 30 гола, а Шпанецот може да биде задоволен и од одбраната каде што можеше да провери поголем број на ракометари и да види на кои играчи може да смета за шампионатот.

Македонија остави одличен впечаток на контролите во Белград и момците сега се враќаат во Скопје каде ќе ги довршат подготовките пред да заминат во Хрватска. Првиот натпревар на Европското првенство го играме на 13. јануари против селекцијата на Словенија.