„Ќе почнеме скришно да јадеме гиро, илегално, во подрумите и по скриените места? Ни го забрануваат гирото… Ваква ли Европа сакаме?“
„Дозволија конзерванси насекаде, ги бомбардираат малите деца, но им пречи на гирото“.
Ова се дел од коментарите на Твитер откако беше пуштена во оптек информација дека е можно ова традиционално грчко јадење да биде забрането во земјите на ЕУ.
Популарното јадење може да се најде под удар на новиот закон со кој ќе се забрани додавање на фосфати во смрзнато месо. Досега, фосфатите се додаваа во длабоко замрзнато месо, иако оваа практика досега не беше експлицитно регулирана со регулативите на Унијата.
Фосфатот обезбедува подобра кохезија на различните состојки на месото кое инаку би се исушило без оваа хемикалија.
Кебапите и гирото спаѓаат под контрола на Европскиот парламент, каде што се наоѓаат и членовите на Европската комисија за фосфати во брза храна низ цела Европа.
Сега гиро и ќебапи се наоѓаат пред ризик да бидат забранети во Грција, што претставува вистински хорор за Грците, но и кај другите љубители на овој вид брза храна.
До ова доаѓа поради загриженоста по научна студија од 2012 година околу можната врска помеѓу фосфатите, кога тие се користат како адитиви за храна и болестите на срцето – но доказите тогаш не биле усогласени.
Одлука која е иднината на гирото, „ќе падне“ на гласањето што ќе се одржи од 11 до 14 декември во Стразбур, кога ќе се дознае дали омилената храна на Грците и понатаму ќе може да се служи со иста текстура и вкус како да сега, пишува потралот Greece. info.




