„Игрите со албанскиот јазик и балансерот се намерни сценарија на власта заради провокација. Отворањето на вакви теми и секоја можна одлука во насока на загрозување на механизмите и правата, што произлегуваат од Охридскиот договор, е враќање на * Македонија во времето пред Охридскиот договор. Овие изјави и постапки се вистинските сценарија за дестабилизација на државата и јасно покажуваат кои се тие, што посакуваат и предизвикуваат тензии.“ – реагира така наречениот „Европски фронт“ на ДУИ и Али Ахмети по денешното интервју на претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Дарко Костадиновски, кој најави расправа во оваа највисока судска институција во државата во врска со поднсените иницијатици за преиспитување на уставноста и законитоста на контроверзниот Закон за јазици и за заштитниот механизам „балансер“, во врска со кој во изминативе месеци се случија повеќе злоупотреби при вработувања со етнички предзнак во државните и јавните институции.
Пренесувајќи ја реакцијата на „Европскиот фронт“ на ДУИ и на Али Ахмети, ТВ Клан Македонија пишува: „Европскиот фронт“ реагира на политичките изјави на партиите од власта и на изјавата на претседателот на Уставниот суд околу „отстранувањето на дилемите“ за балансерот и за законот за јазиците. Европскиот фронт овие изјави ги нарекува „провокативни и политички мотивирани“.
Во својата реакција „Европскиот фронт“ истакнува: „Игрите со албанскиот јазик и балансерот се намерни сценарија на власта заради провокација. По политичките изјави на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и други претставници на власта против балансерот и службената употреба на албанскиот јазик, денеска слушнавме и вознемирувачка изјава од претседателот на Уставниот суд, наводно, за ‘отстранување на дилемите’ во врска со „балансерот“ и законот за јазиците, за кои сметаме дека се политички мотивирани.“
„Отворањето на вакви теми и секоја можна одлука во насока на загрозување на механизмите и правата, што произлегуваат од Охридскиот договор, е враќање на * Македонија во времето пред Охридскиот договор. Овие изјави и постапки се вистинските сценарија за дестабилизација на државата и јасно покажуваат кои се тие, што посакуваат и предизвикуваат тензии.“
„Ја потсетуваме сегашната власт дека во врска со овие теми не постојат дилеми: тие се затворени со уставните амандмани и другите закони, што се во сила и кои беа изгласани со двојно и апсолутно мнозинство, од различен парламентарен состави, каде што учествуваа сите најголеми македонски партии. Можните дилеми се надминати и се разрешени во највисоката законодавна институција, во Собранието на * Македонија со политички консензус и одобрение од експерти. Меѓународниот чинител, САД и земјите-членки на ЕУ се гаранти за сите овие достигнувања, кои на земјата ѝ обезбедија меѓуетничка кохезија, рамноправност на етничките заедници и граѓаните воопшто, како и евроатлантска иднина.“
„Ги повикуваме албанските партии, кои влегоа без легитимитет во моноетничката Влада, да се повлечат од оваа авантура и да разберат дека тие се таму само за да им служат на противалбанските проекти, одобрувајќи ги со нивниот молк и сервилност.“ – наведува „Европскиот фронт“ во својата реакција.






