ЕУ разговара за 40 милијарди евра воена помош за Украина за 2025 година

 

Европската унија размислува да обезбеди до 40 милијарди евра воена помош за Украина во 2025 година, се вели во предлог-документот подготвен од Европската дипломатска служба, објави Ројтерс.



Ова доаѓа во момент кога САД ја намалуваат својата воена поддршка за Киев, а Вашингтон се залага европските сојузници да преземат поголем дел од финансискиот и воениот товар на конфликтот.

Во документот на дипломатската служба на ЕУ се наведува дека секоја земја учесничка во иницијативата мора да придонесе „според својата економска тежина“.

Се очекува (нај)голем придонес да дадат земји како Германија, Франција и Холандија, кои досега направија многу за да и помогнат на Украина, вклучително и со снабдување со муниција, оружје и обука на украински војници.

Иако ЕУ веќе го одобри планот за петгодишна воена поддршка во вредност од 20 милијарди евра, новиот предлог покажува дека Брисел сака да ја удвои поддрката веќе оваа година.