ЕУ може и без транзитот на руски гас преку Украина

Европската комисија објави дека ЕУ е подготвена за прекинот на руски гас преку Украина



Портпаролката на Комисијата вчера објави дека европската гасна инфраструктура е доволно флексибилна за снабдување на централна и источна Европа со гас што не е од руско потекло преку алтернативни рути, пренесе Индекс.хр.

„Ефектот од прекин на транзитот низ Украина врз европската безбедност е ограничен“, рече таа.

Според Комисијата, европската гасна инфраструктура е зајакната со значителен увоз на течен природен гас, а безбедноста на снабдувањето е зајакната во последните години со мерки за енергетска ефикасност и проширување на обновливите извори на енергија.

Украина, од утре ќе го запре транзитот на руски гас низ нејзина територија. Постојниот договор за транзит истекува, а Киев однапред најави дека нема да се обновува.

Во писмото до Комисијата, Фицо во неделата напиша дека „премолченото прифаќање на едностраната одлука на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски“ за блокирање на транзитот на руски гас е погрешно и ирационално и ќе доведе до „зголемени тензии и реципрочни мерки“.

Според него, прекинот на транзитот повеќе ќе и наштети на Унијата отколку на Русија.

Во петокот Фицо и се закани на Украина дека неговата земја за возврат може да го прекине снабдувањето со електрична енергија, а Зеленски ја нарече заканата на Фицо наредба од Кремљ.

Словачкиот премиер минатата недела го посети рускиот претседател Владимир Путин во Москва, поради што Европската унија и Украина остро го критикуваа.