Министрите за надворешни работи на Европската унија се подготвени да го бојкотираат министерскиот состанок на 28-о 29 августнајавен во организација на Унгарија која претседатава со ЕУ, дознава Политико.
Според тројца дипломати на ЕУ директно запознати со „планот“, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ќе ги свика министрите на „официјален“ совет за надворешни работи во исто време со самитот на Орбан.
Планот е веќе неформално разгледан со неколку земји од ЕУ, вклучително и Франција и Германија, пишува весникот, а тимот на Борел ќе го претстави пред 27-те постојани претставници на ЕУ во среда.
Причина за „маневрот“ е посетата на Орбан на Киев, Москва и Пекинг од почетокот на месецот, повикувајќи на прекин на огнот и разговори за мир.
Ова предизвика силна реакција во Европа: Раководството на ЕУ рече дека Орбан нема овластување да преговара со Москва во име на унијата, иако Унгарија претседава со Советот на ЕУ.
Со бојкот на самитот за надворешни работи, другите министри за надворешни работи сакаат да „испратат јасен сигнал дека Унгарија не зборува за ЕУ“, изјави еден дипломат за Политико.
„Ако официјалниот совет за надворешни работи организиран од Борел се одржи истиот ден, министрите нема да можат да патуваат во Будимпешта“, рече друг.
„Политико“ потсетува дека само седум министри од другите земји на ЕУ присуствуваа на првиот состанок на унгарското претседателство организиран во Будимпешта на кој се разговараше за индустриската политика. Не присуствуваше ниту еврокомесарот.





