ЕСМ купи струја за 2 недели за над 10 милиони евра

Државната компанијата за 10,2 милиони евра купи струја за две недели, за задоволување на потребите до крајот на овој месец.



Парите ќе завршат во четири фирми – 4,5 милиони евра ќе заработи „ХСЕ МАК Енерџи“, а 3,8 милиони „Ген И Продажба на Енергија“.

Од ЕСМ велат дека струја мора да се купува поради затекнатата „катастрофална состојба“ на домашните капацитети, пишуваат медиуми.

Хидропотенцијалите работат со 13% од акумулираната енергија, што е далеку под просекот за овој период од годината.

РЕК Битола работи со само 2 блока, првиот ќе биде вклучуван периодично, односно во декември, јануари и февруари, затоа што ремонтот не е завршен.

Ремонтот требаше да го направи претходното раководство уште во март годинава, додаваат од ЕСМ.

За да има непречено снабдување во октомври, ЕСМ купи 45.600 мегавати струја на отворениот пазар за сума од 4,2 милиони евра, додека во септември, за набавка на 42.300 мегавати електрична енергија беа потрошени 5,4 милиони евра.