По ерупциите во највисокиот активен вулкан во Европа, Етна, што се случија во вторникот наутро при што се создаде облакот од чад висок неколку километри, Балканот е под опасност.
Хрватски и српски метеоролози информираат дека аеросолните честички што Етна ги исфрлила во атмосферата пред четири дена сеуште се над нашиот регион.
Од облакот полн со штетниот Сулфур диоксид утрово најизложени се Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Албанија, Бугарија и Романија, заедно со Грција и Турција, каде што се наоѓаат најголемиот дел од штетните аеросоли и лебдат во воздухот што го дишат граѓаните.
Утрово во Белград, модел со SO2 (сулфур диоксид) од апликацијата Винди, покажа дека концентрацијата била 71,88 mg/m2 (доста висока).

Освен српски експерти на социјалните мрежи српските медиуми не јавуваат за оваа опасност.
Во Македонија нивото на Сулфур диоксид попладнево е околу 50 mg/m2 што е два и пол пати повеќе од дозволеното затоа што за прифатливи се сметаат концентрациите до 20 mg/m2.
Извор: Модел на Windy SO2
Најчитани статии
Може ли да му се верува на GROK?
Се сретнал ли албанскиот премиер Рама со бегалецот од македонската правда Артан Груби?






