Ердоган најави дека ќе се пензионира

Долгогодишниот лидер на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека локалните избори во земјата што треба да се одржат на крајот на март ќе бидат негови последни, со што наговести дека се повлекува по повеќе од две децении на власт.



Ова е првпат Ердоган, кој е на власт од 2003 година, да зборува за напуштање на функцијата што истовремено значи дека нема да се кандидира за уште еден претседателски мандат во 2028 година.

„Работам без престан. …Со овластувањата што ми ги дава законот, овие избори се мои последни избори“, рече 70-годишниот лидер кој изрази уверување дека неговата конзервативна партија Правда и развој (АКП) сепак ќе остане на власт дури и откако тој ќе ја напушти функцијата.

Тој рече дека резултатите од локалните избори на 31 март ќе бидат „благослов за браќата што доаѓаат по мене. Ќе има трансфер на доверба“.

АКП се надева дека ќе го врати градоначалникот на Истанбул на изборите подоцна овој месец, откако опозицијата го презеде во 2019 година.

Ердоган и самиот беше градоначалник на Истанбул од 1994 до 1998 година.