На прашањето од новинарите што би им зготвил и би им послужил на американскиот претседател Доналд Трамп и на Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, најпознатиот готвач на светот кратко одговори: „Само кукута“.



Кукута инаку важи за едно од најотровните растенија во природата и порано во некои делови од светот се користела за егзекуции.

Ова не е првпат познатиот готвач и ТВ лик да зборува лошо за Трамп. Ентони, кој некогаш вечераше со Обама во своето шоу, рече дека нема намера тоа да го стори со актуелниот претседател на САД.

Ентони Бордејн, кој има статус на најголемиот кулинарски „Глобтротер“, претходно изјави дека никогаш нема да сними епизода во Северна Кореја, бидејќи „голем дел од населението е гладно“.