Познатата актерка Ева Лонгорија неодамна за прв пат јавно проговори за својата сестра Елизабет и страдањета низ кое поминала актерката кога нејзината сестра се борела со страшната болест. Во емотивната исповед актерка открива зошто својата сестра досега ја држела подалеку од јавноста.
„На мојата сестра Елизабет и беше дијагностициран рак на градите пред неколку години. Сестра ми е лице со посебни потреби и нејзиниот живот, и без тоа беше доволно тежок, и второ, во тоа време ни јас се уште не знаев многу за таа болест “, вели Лонгорија.

Елизабета доби дијагноза во рана фаза, но нејзиниот рак за среќа не се ширеше низ телото. Искуството што го помина актерката ја натерало да ги освести и другите за проблемот со кој се соочуваат сé повеќе жени.
„Сега сакам да зборувам за тоа, бидејќи и јас се прашувам колку жени, колку луѓе како мене, не знаат доволно за тоа? Колку жени не се проверени? Имаме толку добри начини и методи за откривање, и самите ние сме одговорни затоа што ние мора да научиме да се грижиме за себе и да се ставаме на прво место. На нас жените многу тешко ни оди тоа, а треба да се инсистира на темелни прегледи “, изјави Лонгорија.




