Елиф Елмас го послушал македонскиот фудбалски великан Горан Пандев, кој го советувал веднаш да потпише за италијанскиот калчолигаш Торино.



„Понудата веднаш ја прифатив, разговарав со Горан Пандев, кој ми кажа дека треба брзо да потпишам. Му благодарам нему и на градот што ме примија тука. На располагање сум му на тренерот Ваноли за предизвиците што следуваат. Неговата страст ја почувствував од првиот момент. Во тимот владее одлична атмосфера и верувам во добри резултати“, изјави Елмас за „Калчомеркато“.

Македонскиот „дијамант“ ќе ја доигра сезоната како зајмен играч од Лајпциг, со можност за откуп на неговиот договор со германскиот бундеслигаш за 17 милиони евра.

Можност за деби за Торино на репрезентативецот на Македонија е утрешниот дуел со Џенова на домашен дуел во Серија А.