На македонските народни песни тешко може да се одолее, за што зборува аплаузот по изведбата на „Елено, ќерко“ од хрватски хор во Вараждин.
„Капелата ‘Paulina Warasdin’ има многу широк репертоар – и што и да изведат е задоволство да се слуша. Така завчера дојдоа и во просториите на 1. Месен одбор на Вараждин, во кој инаку и ги одржуваат пробите. Отпеаја неколку традиционални загорски песни, а потоа на барање на публиката и на претседателот на Советот, Роберт Рот, решија слушателите да ги почестат со бис. Ја избраа прекрасната традиционална македонска песна ‘Елено, ќерко’ и ги одушевија сите присутни. Не можевме да се воздржиме, па ја снимивме целата изведба. Песната е во специфичниот македонски 7/8 ритам, а токму тој ритам го користеше и Томпсон во својата ‘Бојни Чавоглаве’, која и мелодиски влече на македонскиот мелос. Одамна пред него овој ритам се појавува и во легендарната песна ‘Македонија’ на групата ‘Тајм’. Значи, тропкајте со прстите ‘је’н два три, је’н два, је’н два’ и – уживајте во блескавата изведба“, пишува порталот evarazdin.hr.





