(„Експрес“ фото): Снема вода, не работеше ниету еден локал во трговските центри во Скопје

Најавениот прекин на вода во Скопје кој траеше помалку од 15 часа ги затвори сите угостителски објекти во поголемите тргоовски центри во Скопје. Иако за викенд, кога фрекфенцијата е поголема, не можеше да се забележи отворени локали во неколку молови, па и локали во Скопје. Газдите ставија клуч на врата, како да ќе нема вода еден месец, а не само неколку часа.



Редакцијата на Експрес направи обиколка во неколку поголеми молови, и сликата беше не толку убава.

Акцијата започна во раните утрински часови, со празнење на магистралниот водовод на критичните точки. Полнењето на системот е веќе започнато, а стабилизација на притисокот се очекува во следните неколку часа.