„Експертот за уставно право“ Адеми од ДУИ „пропишува“ дека Уставниот суд мора да одлучува според „двојно бадинтерово мнозинство“?!

Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми итно побара укинување на одлуката на Уставниот суд од 9 октомври за укинување на балансерот, бидејќи била „незаконска и противуставна“, според него! Ова го објави ТВ 21.



Телевизијата пишува: Осврнувајќи се на одделните мислења на судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, Адеми рече дека „за ниту една одлука на Уставниот суд за законите одобрени со двојно Бадентерово мнозинство не може да се расправа или да се одобри без учество и согласност на претставниците на таа заедница“!

Судиите во своето издвоено мислење велат: „Одлуката е донесена врз етничка основа, преку надгласување, одлучување против правата на немнозинските заедници и спротивно на основната вредност – правото на правична и еднаква застапеност“. Оваа одлука ја сметаме за незаконска и со сериозни правни последици. Понатаму, според нивното мислење, судиите нагласуваат: „Сакаме веднаш да нагласиме дека правниот израз – припадност на заедницата е уставна институција и како таква, уставна категорија. Како резултат на тоа, гореспоменатата одлука укинува уставна категорија поврзана со „припадност кон заедницата.“ – рече Арбер Адеми од ДУИ.