Експерти за реториката на Филипче: „Венко бе… На што личи ова?!“

Секогаш кога лидер на моќна опозициска партија ќе побара средба со лидер на владејачка партија, барањето треба да се прифати. Мора да се разговара, мора да се води политички дијалог. Ова е принципиелен став за кој се залагам постојано. Но, да бев јас на местото на Христијан Мицкоски, верувајте, немаше и јас да одолеам да го одбијам најновото барање на Венко Филипче за лидерска средба, пишува новинарот Бранко Героски во колумната „Има ли овој СДСМ на Филипче и на Заев друга идеја освен да ја брани бугарската кауза?“.



Принципи си се принципи, ама ова лигавење веќе навистина не се трпи…

Не сфаќам како е можно Венко Филипче, неговиот спонзор Зоран Заев и од нив киднапираниот СДСМ, повторно, по кој знае пат, да се обидуваат да се факторизираат како субјект што ја води надворешната политика на оваа земја. Згора на тоа, поддржувајќи ги непринципиелните притисоци врз Македонците да го жртвуваат својот национален идентитет и на тој начин да го фателе „возот за Европа“, се додава во колумната.

Венко бе… На што личи ова?!

Во образложението на неговото барање за лидерска средба заради постигнување некаков „национален консензус“ за „евроинтегративниот пат“ на нашата земја, Филипче зборува ноторни глупости, враќајќи ги на политичката сцена тезите и реториката на неговиот претходник и сегашен спонзор од кланот Дубаи, Зоран Заев.

Тоа дека протоколот број 2, што го потпиша Историска комисија на Заев, не бил услов за нашиот напредок кон ЕУ, сепак е ноторна лага. Има дваесеттина изјави од официјална Софија, во кои недвосмислено и грубо се тврди токму спротивното.

Венко бе… Зошто ја шириш таа лага?

Од каде сега идејата Историската комисија да се проширела со странски експерти?

СДСМ имаше шанса да ја прошири својата Историска комисија – таа што беспоговорно ги прифати првите два спорни протокола – со странски, ама и со домашни ескерти, со такви кои не ги прифаќаат здраво за готово бугарските толкувања на македонската историја.

Венко бе… Зошто ти, како потпретседател на СДСМ и како близок соработник на Заев, не бараше тоа да се стори тогаш кога твојата партија беше на власт и ја водеше надворешната политика?

Точно е дека пораките на претседателот на Европскот совет Антонио Кошта и на еврокомесарката Каја Калас се јасни, ама точно е и тоа дека тие за македонскиот народ се неприфатливи. Влада избрана од народот не смее да го прифати ставот „она што е договорено е договорено и нема веќе за што да се разговара“. Бидејќи владите на СДСМ на Зоран Заев и на Димитар Ковачевски со Софија и со Брисел се договорија да се прифати бугарското негирање на самобитноста на македонската нација пред 1945 година и да се доведе под сомнеж постоењето македонски национален идентитет.

Венко бе… Што мака имаш па ја браниш таа кауза?

Ако СДСМ навистина сака сериозно да разговара за национален консензус за овие прашања, треба да стори најмалку три нешта.

Прво и најважно, Венко Филипче мора одлучно и недвосмислено да ги отфрли ставовите на Зоран Заев од она негово „славно“ интервју за бугарската агенција БГНЕС, во кое скандалозно застана на позицијата дека Македонците и Бугарите се ист народ, дека говорат ист јазик и дека имаат заедничка историја.

Целиот текст прочитајте го тука.