И Никола Попоски сака закон за јазици но бара интеграција а не фушерај

Ни треба Закон за употреба на јазиците, затоа што треба таа интеграција во општеството на помалите заедници во општеството да се заврши, но не на ваков фушерајски начин, на каков што ова парламентарно мнозинство сака да го протне ова законско решение, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски и ексминистер за надворешн работи на денешното продолжение на собраниската седница за оваа точка, пренесува порталот СДК.мк.



Конструктивниот настап на Попоски за јазиците го следеа неговите сопартијциа беше поздравен и од дел од политичките ривали. СДК пренесува дека денеска за првпат изостана терминот „неуставен закон“, а Попоски во контрарепликите со сопартијците, рече дека исклучително е загрижен за поделбата во општеството, место кохезија едни со други, што би настанала со носењето на вака составен закон.

„После се што слушнав од оваа говорница за Законот за употреба на јазиците гоподине Попоски, можам да ви кажам дека на човек просто да му е ќеф да ви реплицира. Би сакал да ви кажам дека од четирите причини што ги наметнавте, сакам да ви одговорам само на четвртата, бидејќи првите три се исти како тие поради кои парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, донесе Закон за јазиците првин во 2008, а потоа во 2011 година. Имаме амандман 5 во Уставот, има Охридски договор, обврската знаеме, треба да се заврши“, беше репликата на координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев на Попоски.

„Имам порака до сите 120 пратеници. Ние ќе излеземе одовде посилни, но ако направиме добар текст, а не како овој на 4 страни, со 14 печатни грешки и да направиме јазична политика која ќе не направи како држава многу поконкурентна, во економијата и во сите останати битни сегменти“, ја заврши Попоски дискусијата, пренесува СДК.мк.