Екс министер за финансии го предвидува ,,рокот на траење” на Али Ахмети како политичар

Екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини го предвидува ,,рокот на траење” на Али Ахмети.



За да оствари неговата прогноза владата треба да преземе мерки кои ќе го потврдат крајот на Ахмети како политичар.

Меѓу мерките што треба да ги направи владата е и преиспитување на амнестијата на Ахмети за воени злосторства кои беа ставени АД акта со автентично толкување на собранието во времето на Никола Груевски.

,,Политичкиот крај на Али Амети ќе се случи и пред локалните избори, доколку Владата ги исполни барањата на ЕУ да се бори против криминалот и корупцијата од висок профил, да ги санира последиците од измените на Кривичниот Законик и на Советот на Европа, да го преиспита автентичкото толкување на хашките предмети”, смета Хајредини кој од вчера е дел од Советот за безбедност по предлог на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.