Екс-директорот на ЕСМ избега од земјава уште во октомври…

По информациите во некои медиуми дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е уапсен денеска, „Плусинфо“ дознава дека тоа не се случило.



Според информациите на порталот, осомничениот Ковачевски од октомври е надвор од државата.

Тој, заедно со неговиот наследник во ЕСМ, Васко Стефанов и други лица се осомничени дека формирале злосторничко здружение и со злоупотреби на службената должност се стекнале со противправна корист.

Во големата полициска акција која почна утринава, досега се приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.