Поднесена е кривична пријава против поранешниот директор на Пензискиот фонд на Македонија Д.Б.(45) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од МВР.



Постапувајќи спротивно од Законот за спречување корупција и спротивно од одредбите во склучените договори,  во периодот од 19 февруари 2022 година до 17 март 2023 година кога бил директор, пријавениот Д.Б. во име на Фондот склучил повеќе договори со 6 физички лица.

Пријавениот знаел дека ангажираните лица не ги извршувале работните задачи предвидени во склучените договори и дека Фондот не водел евиденција за редовност, но сепак повеќепати им исплатил парични средства на трансакциските сметки.

До тоа го оштетил Фондот, односно на Буџетот на Македонија, за 1.387.558 денари или 22.525 евра.