Економијата порасна за 3,2% во четвртиот квартал, кои сектори се за пофалба?!

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвриот квартал лани достигна 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Како што соопштуваат од ДЗС, во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти.



  • Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66,1 процент. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од два проценти – се наведува во соопштението на ДЗС. 

Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2 проценти, во вториот квартал 2,3 проценти, а во третиот 3 проценти.