Грците го започнаа сето ова кога аеродромот во Солун во 1992 година го нарекоа „Македонија“ за да и напакостат на независната поранешна југословенска Република Македонија.
Македонците подоцна во 2007 година го именуваа скопскиот аеродром како „Александар Велики“. Новата македонска влада сака подобри односи со Грција, така што е можно да се смени името на аеродромот во Скопје, пишува британски „Економист“.
Британскиот неделник во најновот издание се занимава со феноменот на именување на аеродромите на Балканот, со констатација дека аеродромите добиваат имиња за да ги нервираат своите соседи.
Така аеродромот во Загреб е „преименуван во Фрањо Туѓман, татко на хрватското движење за независност. Во крвавата војна, тој се бореше против Србите поддржани од Србија … Во 1995 година, повеќето Срби од Хрватска беа протерани“”, пишува Економист.
Неделникот пишува дека меѓу жртвите на ова етничко чистење биле и роднините на најпознатиот Србин во светот, Никола Тесла, кој бил роден како Србин во 1856 година на територијата на она што е сега е Хрватска, од каде емигрирал во Америка
И Србите и Хрватите го сметаат за свој а од 2006 година, белградскиот аеродром го носи икмето „Никола Тесла“.
Неделникот наведува дека и аеродромот во Приштина се вика Адем Јашари, според лидерот на Ослободителната војска на Косово, кој беше убиен од страна на српските сили. Се разбира, нема летови помеѓу „Никола Тесла“ и „Адем Јашари“. За Албанците Јашари е херој, за Србите – ѓавол“.
Сепак, „Економист“ пишува дека има и исклучоци од оваа балканска практика: иницијативата за именување на сараевскиот аеродром со име „Алија Изетбеговиќ“ беше неуспешна.





