Стратегијата за успешното пристапување на Србија и Црна Гора во Европската унија, објавена претходно во септември во „Писмото за намери“ на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, може да ги вклучи сите земји од Западен Балкан.



Најавената стратегија, која треба да биде објавена во февруари 2018 година, предвидува перспектива за пристапување во ЕУ на Србија и Црна Гора до 2025 година.

Сепак, според некои извештаи, во нацрт-стратегијата се вклучени и други земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Според „Коха Диторе“, Стратегијата предвидува дека Србија и Косово ќе потпишат правно обврзувачки договор до крајот на 2019 година.

Албанија треба да ги спроведе реформите во неколку клучни области, од кои една е судството.

Македонија ќе ја има истата задача, но мора да ја реши и нејзината главна пречка на патот кон ЕУ – спорот за името со Грција,.

Во врска со Босна и Херцеговина, Коха објави дека стратегијата ќе биде статус на земја-кандидатка до крајот на 2019 година.